ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА БЕРБОК: Подготвени сме за преговори со Русија!

/ 16.07.2023

Германија е подготвена за мировни преговори со Русија, но засега не гледа предуслови за нив, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за весникот „Велт“.

– Би сакала да можам да преговарам, но во моментов не зборуваме за нашите желби, туку за неопходноста да се соочиме со вистината – рече таа.

Германската министерка во интервјуто тврди дека секој ден се водат преговори за ставање крај на конфликтот во Украина.

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, претходно за Спутник изјави дека Москва е подготвена да ја разгледа иницијативата на Киев за решавање на конфликтот, која ги зема предвид предлозите на руската страна и ситуацијата на теренот, но на украинското раководство не е заинтересиран за тоа.


Од истата категорија