Најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени кога авион „Цесна“ синоќа се урна врз хангар на аеродромот во Насиелск, во близина на Варшава, соопшти полската полиција.
– Загинаа пет лица. Петмина се повредени, а четири лица воопшто не се повредени, изјави Моника Новаковска-Бринда од локалната полициска команда за полската телевизија Полсат.
Најмалку 10 лица се засолниле во хангарот од дождот, а авионот удрил во хангарот околу 19 часот додека се обидувал да слета во лоши временски услови. Меѓу загинатите е и пилотот.
Авионот се користел за скокови со падобран.