Вонредна вест од Скопје. Навивач на Левски се бори за живот, објавува скопски Курир.
Вечерва се игра дуелот меѓу Шкупи и Левски, а голем инцидент се случи околу 19 часот.
Два автомобили со бугарски навивачи ја напуштиле безбедносната зона по која се движеле сите автомобили и влегле во Чаир.
Локалното население тогаш тргна и ги нападна, а еден од навивачите кои биле во автомобилот е прободен со нож.
Истиот е префрлен во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Се уште не е познато дали ќе биде опериран или не, се вршат проверки на лице место.
Повикувајќи се на свои извори, веста за прободениот навивач на Левски ја пренесе и бугарска Нова.
ДОПОЛНЕТО: Според последните вести, неговиот живот не е во опасност.
Видеото погледнете го овде:
Потоа имаше и втор инцидент, во кои се судрија навивачите на Левски и полицијата, но нема посериозно повредени: