Постоењето на Украина и одржливоста на украинската армија почива исклучиво на западните пари, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Суверенитетот на Украина е практично изгубен. Земја што нема финансиски приходи и која не може да обезбеди работа за своите граѓани, а камоли да финансира војна, не е суверена, рече тој.

Според Орбан, потребни се три работи за да се водат борбени операции – пари, пари и пари.

– Во моментов само финансиите на Западот ја одржуваат Украина во живот, а украинската армија борбена, додаде унгарскиот премиер.