Марго Роби се подготвувала за улогата во „Барби“ со помош на кисела зелка

/ 03.08.2023

Откако филмот Барби се појави во кината, исхраната на Маргот Роби е еден од најпребаруваните поими на Google.

Интересот за оваа тема се зголеми за 1.364 отсто по објавувањето на филмот, според податоците на Total Shape.

Маргот Роби е позната по тоа што следи добро балансирана исхрана која вклучува протеин, влакна и здрави масти, но поради нејзината улога како најпопуларната кукла во светот, има една храна која таа ја консумира во големи количини.

„Маргот јадеше ферментирана храна како кисела зелка“, открила експертот за здравје на кожата, Јасмина Вико за Harper’s Bazaar.

Киселата зелка е одличен извор на витамини Б и Ц, влакна, антиоксиданси, калиум, калциум, магнезиум, фосфор и манган. Покрај тоа, овој вкусен зеленчук е исклучително нискокалоричен и содржи само 25 калории на 100 грама, благодарение на што можеме да го јадеме колку што сакаме без страв дека ќе се здебелиме.

Според WebMD, редовното консумирање на кисела зелка ги има следните придобивки:

• го забрзува метаболизмот и го одржува здравјето на дигестивниот систем

• помага при слабеење

• има антиинфламаторно дејство

• го намалува холестеролот

• го зајакнува имунитетот

• третира инфекции на уринарниот тракт

• го намалува ризикот од рак.

Заедно со кисела зелка, славната актерка јадела и кимчи и кефир, секакви горчливи јадења и бобинки, а пиела и чај од чичка.


Од истата категорија