Републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави, Крис Кристи, ја посети Украина, се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски и ја истакна поддршката на Вашингтон за Киев.

Поранешниот гувернер на Њу Џерси се сретна со Зеленски во претседателската палата во Киев по посетата на масовната гробница Буча и обиколката на Ирпин.

Украина ја обвини Русија дека извршила воени злосторства во Буча, откако украинските сили го вратија градот минатата година.

Кристи посети и центар за заштита на децата во Киев.

Неговата порака за време на посетата беше јасна, САД ја поддржуваат и треба да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Кристи, поранешен сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, го предизвикува по втор пат за претседателската номинација на Републиканската партија во 2024 година, што претставува остар контраст со позицијата на Трамп за Украина.