Романската Влада донела вонредна одлука со која се создаваат две различни нивоа при исплата на минималната плата.
Од 1 јануари минималната плата ќе изнесува 2080 леи или 507 долари. За оние кои имаат високо образование или имаат 15 години работен стаж, се гарантира минимална плата од 2 350 леи или 573 долари.
Досега, минималната плата во Романија била единствена за сите и изнесувала 463 долари.
Трговската комора која претставува 3 000 компании и 120 000 вработени со приходи од 19 милијарди долари, реагирала на мерката тврдејќи дека таа ќе донесе инфлација, ќе ги зголеми трошоците на фирмите и ќе ги намалио странските инвестиоции.
Во Бугарија од 1 јануари минималната плата ќе изнесува 327 долари. Во Македонија минималната плата изнесува околу 220 долари.