Марко Тодорчевиќ (38) од Белград бил на одмор со својата свршеница во близина на Лефкада во Грција, кога избувнал пожар и до непрепознатливост го уништил нивниот „голф 6“.
Како што изјави белграѓанецот, пожарот му го уништил десет години стариот „голф“, една година стариот „фиат кумбро“ на новосаѓанец и третиот автомобил бил на македонски државјани. Тие три возила биле паркирани едно до друго
-Дојдовме на одмор на 31 јули и сѐ беше навистина супер, одлично си поминавме, до 9 август кога се разбуди сопственикот на вилата во која престојувавме. Кога излеговме го видовме пожарот и изгледаше драматично – вели Марко Тодорчевиќ за Курир и додава:
-Пожарникарите некако успеаја да го изгаснат пожарот, но нашите автомобили беа целосно изгорени, а тоа беше на приватниот паркинг на вилата. Колите беа паркирани под сенка.
Како што понатаму наведува Тодорчевиќ, по истрагата тој и останатите сопственици на опожарените автомобили отишле да дадат изјава во полициска станица.
– Тоа што се случи е страшно и сите се сомневаме дека пожарот е подметнат. За жал немаме кому да се обратиме, нивната полиција ни кажа дека нема такво нешто и дека се случуваат вакви ужаси. Наведоа и дека пожарот настанал од непрописен приклучок, што е едноставно невозможно по 15 часа стоење под сенка – рече тој и додаде:
– Се плашевме за нашата безбедност. Од агенцијата преку која го резервиравме сместувањето ни рекоа дека немаат врска и дека тоа е приватна сопственост. Само се прашуваме кој ќе ни надомести за изгорените автомобили. Ова е навистина страшно што се случи и се сомневаме дека сето тоа се случи бидејќи ние сме Срби.
Белграѓанецот соговорник додава дека е среќа што ништо не им се случило и што не се повредени.
– Да чукнеме во дрво, сѐ е во ред, но штетата останува на нас. Преку агенцијата успеавме со автобус да се вратиме дома и сега од Белград се обидуваме да го решиме нашиот случај во Грција – вели младиот белграѓанец, за српски Курир,а видеото од пожарот погледнете го ТУКА.