ПЕТКОВИЌ: Курти го промовираше проектот за поделба на Македонија

/ 12.08.2023

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека препораката на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, Скопје да се приближи до самопрогласеното Косово, Албанија и Бугарија и да се држи подалеку од Србија, е безобразлук и повеќекратна глупост, бидејќи таквите изјави ги дава кога отворени се ангажира да ја дестабилизира Македонија.

Петковиќ изјави дека Курти дошол во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената голема Албанија.

„Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат … Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект“, ја пренесува изјавата на Петковиќ српската агенција Танјуг.


Од истата категорија