Ако Украина се согласи да се откаже од спорните територии заради влез во НАТО, ќе мора да се откаже дури и од Киев, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој така ги коментираше изјавите на директорот на приватната канцеларија на генералниот секретар на НАТО, Стјан Јенсен, дека Украина може да стане членка на Алијансата во случај на територијални отстапки кон Русија.

– Зошто е интересна таа идеја? Единственото прашање е дека сите нивни територии се многу оспорувани. За да влезат во блокот на НАТО, властите во Киев ќе треба да се откажат дури и од самиот Киев, главниот град на Античка Русија – напиша Медведев на каналот „Телеграм“.

– Украинските власти тогаш ќе треба да го преселат главниот град во Лавов. Се разбира, ако се согласат Полјаците – рече тој.