Холандија влезе во рецесија

/ 16.08.2023

Холандската економија влезе во рецесија по падот од 0,3 отсто во вториот квартал во однос на претходниот, според првата проценка објавена денеска од холандската агенција за статистика.

Петтата по големина економија во еврозоната забележа пад втор квартал по ред, откако падна за 0,4 отсто во првите три месеци од оваа година.

Холандскиот економски раст во 2021 и 2022 година изнесуваше близу 5 проценти, како резултат на закрепнувањето од падот предизвикан од Ковид-19.

Првата постпандемиска рецесија е предизвикана од падот на личната потрошувачка и извозот, поради високата инфлација што ја поскапи храната и ги зголеми сметките за енергија во Холандија и нејзините трговски партнери. Потрошувачката е намалена за 1,6 отсто, а извозот е за 0,7 отсто помал во однос на првите три месеци од годинава.

Инфлацијата во Холандија забавува откако достигна врв од 14,5 отсто во септември минатата година, но сепак останува релативно висок на околу 6 отсто во вториот квартал од 2023 година.


Од истата категорија