Цел регион да напредува, а Македонија да биде надвор од ЕУ, осамена и изолирана, нагласува во денешното соопштение владејачкиот СДСМ, притоа употребувајќи го името Македонија без придавката Северна, која досега секогаш ја користел.

Интересно е тоа што партијата под чија власт е сменето името на Република Македонија, досега ревносно го употребуваше со придавката, како и нејзините функционери во власта, а во денешното соопштение Македонија осамна без Северна и на Бихаќска.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Христијан Мицковски потврди дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на земјата.

Мицкоски сака да ја влече земјата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација.

Цел регион да напредува а Македонија да биде надвор од ЕУ, осамена и изолирана.

Членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес.

Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на вакво неодговорно и недржавничко однесување на Мицкоски.

Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да се блокирани од ДПМНЕ.

Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ.