Шпанските фудбалерки ја освоија титулата светски шампиони, откако ја совладаа Англија (1-0) во денешното финале на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.
Јунак во таборот на „фуријата“ беше капитенот Олга Кармона, која го постигна победничкиот погодок уште во 29. минута. Шпанките имаа шанса да ја зголемат предноста на крајот од првото полувреме, а беа поагресивни и во продолжението, но не успеаја да реализираат неколку шанси за зголемување на предноста.
Тоа можеа да го направат и во 70. минута, кога им беше досуден пенал по играњето со рака во шеснаесетникот на Кира Волш, но англиската голманка, Мери Ерпс, го одбрани ударот на Џенифер Хермосо и ја одржа Англија во живот. Англичанките потоа го зголемија притисокот, но безуспешно. Шпанките првпат во историјата стигнаа до титулата светски првак,