Јевгениј Пригожин, сопственикот на воена група Вагнер, загина во авионска несреќа во Русија, објавија светските медиуми.

Според првичните информации, во авионот кој летал од Москва до Санкт Петербург биле уште 9 други лица, од кои 6 биле патници а тројца членови на екипажот.

Канал на социјалната мрежа Телеграм, кој се поврзува со Вагнер, објави дека авионот во кој бил Пригожин бил соборен од руската противвоздушна одбрана во Тверскиот регион северно од Москва.