Американскатa блогерка Нвондо, која живее во Белград, позната како Тhe Американка,во своето последно видео опиша како е да се има дечко од Балканот и како тие се однесуваат кон жените сосема поинаку од момците од другите краишта во светот.
„Балканците се многу јаки, ама не мислам во физичка смисла, туку емоционално и како тие се однесуваат кон вас. Од мое искуство сфатив дека не поднесуваат бродоломи во врската и немаат трпение за вашата осетливост. Сите мои бивши кога сум била тажна или рагалена биле стрпливи или осетливи.Овде имам чувство како сите ти велат -Прејди преку тоа, престани да плачеш и порасни“, вели таа.
„Балканците се искрени, дури и на граница на суровост“, смета блогерката. Како пример ја наведува дебелината и објаснува дека Балканците веднаш ќе ти кажат дека си дебела ,додека пак сите останати ќе се однесуваат како неколкуте килограми да не се ништо страшно.
„Балканските дечки се искрени и љубоморни, додека другите не се. Додуша имав еден Италијан кој ми го проверуваше фејсбукот и пораките. Балканците се малку, не се посесивни, туку станува збор за љубоморен мачизам. Брзо ќе ги избркаат дечките кои покажувааат интерес за нивната девојка и мислам дека тоа е секси, вели во видеото Нвондо.