Бела тартуфа од 850 грама е продадена за 85.000 евра односно за 100 евра за еден грам. Тоа се случи синоќа на аукциска продажба во Алба, близу Торино.

Продажбата се одвиваше преку врски со Хонг Конг каде се наоѓаше анонимниот купувач на белата тартуфа.

Цената на таа извонредна тартуфа не одговара на овогодишната пазарна цена што се движи околу 350 евра за 100 грама, вели портпаролка на аукциската куќа.

Добивката од продажбата оди во хуманитарни цели.