Сопругата на арапскиот милионер Џамал Бин Надак, инфлуенсерката Сауди по потекло од Британија, редовно објавува видеа на TikTok во кои се фали со својот луксузен начин на живот.
Во неодамнешната објава таа се пофали со луксузот што ѝ го овозможува нејзиниот богат сопруг и откри колку троши на неа за една недела.
Таа се пофали дека испила кафе од 186 евра во луксузен ресторан со позлатени чинии и чаши, а потоа ги покажа дизајнерските чанти и објави дека нејзиниот сопруг потрошил 50.000 долари (околу 46.000 евра) за нејзиниот луксузен шопинг.
Патувањето во Европа чинело половина милион долари (465.000 евра), луксузната вечера 1.500 долари (скоро 1.400 евра), а за маникир во салонот оставила 1.200 долари или 1.100 евра. Така, арапскиот милионер таа недела на сопругата потрошил околу 513.000 евра.
„Секогаш претерувам во Дубаи“, напишала таа покрај објавата, која собра повеќе од 3,7 милиони прегледи.
„Не ти верувам“, „Денес имав хамбургер за ручек“ и „Каков маникир чини 1200 долари?“ се само дел од коментарите.
@soudiofarabia Muslim husbands and their rules ✨ #millionaire #fyp #dubai #ksa ♬ Habibi (Albanian Remix) – Ricky Rich & Dardan