Марија ЗАХАРОВА, портпарол на руското МНР по протерувањето на тројца руски дипломати од Македонија

На 12 септември властите на … Македонија, без објаснување на причините, прогласија три дипломати на руската амбасада во Скопје за «persona non grata».

Забележуваме дека властите на … Македонија продолжуваат да се движат по патот на влошување на конфронтацијата и ги водат билатералните односи, кои и онака се во длабока криза, во ќорсокак.

Одлуката за протерување на нашите колеги ја сметаме за ирелевантна желба на раководството на оваа земја уште еднаш да им ја покаже на западните чувари своjата важност во борбата против замислената „руска закана“.

Неодговорниот и непријателски чекор на властите на … Македонија нема да остане без одговор.