На Зеленски не му е дозволено да зборува пред американскиот Конгрес

/ 21.09.2023

Претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Кевин Мекарти, денеска соопшти дека не му дозволил на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред Конгресот.

Тој рече дека нема доволно време за говорот на украинскиот претседател бидејќи конгресменот бил презафатен, пренесува американската телевизија Ен-Би-Си.

Мекарти потсети дека Зеленски веќе зборувал пред Конгресот за време на неговата претходна посета на Вашингтон во декември 2022 година.

Зеленски денеска пристигна во САД за да разговара со конгресмени, особено со републиканците, кои сѐ повеќе се противат на испраќање дополнителна помош за Украина.

По средбите со нив, украинскиот претседател во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.


Од истата категорија