Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во гостувањето во утринската програма на МРТВ 1, покрај другото, говореше и за револтот на пензионерите кој го предизвика покачувањето на платите на „избраните“ за 78 отсто и протестите на пензионерите кои траат неколку месеци.
Таа потенцира дека пензионерите и квалитетот на нивниот живот е нивен приоритет.
– Сите политики и мерки изминатиот период се во насока на обезбедување на достоинствен живот за нашата највозрасна популација. За тоа потврдува растот за 24 отсто на пензиите за нецели две години, вклучување во антикризни мерки, воспоставување на социјални услуги-помош и нега во домот на стари лица, посочо министерката за труд и социјална политика.
Тренчевска информираше дека работната група продолжува да работи на конкретни краткорочни решенија, како антикризни- социјални мерки и измени на законот за пензиско осигурување за одредување на повисока минимална пензија.