ПРИСТИГНАЛЕ ОД КАМЕРУН: Цариници на аеродром во Париз заплениле стотици мајмунски черепи

/ 22.09.2023

Царинските службеници на главниот париски аеродром заплениле стотици черепи од заштитени видови мајмуни, кои требало да се користат како награди или подароци.

Тие черепи и черепите на други животни главно биле во пакети кои пристигнале од Камерун, соопшти вчера царината на аеродромот Шарл де Гол.

Примателите требало да бидат колекционери и ловечки клубови во САД. Некои од пакетите содржеле цели животни.

Ниту една од пратките немала потребна дозвола, а царинските службеници речиси секојдневно откриваа такви пратки на најголемиот француски аеродром.

Освен мајмуни, шверцувани се и други видови како видри, големи мачки, мајмуни и птици грабливки, соопштија цариниците.

Повеќе од 700 черепи од мајмуни и животни запленети меѓу мај и декември 2022 година, царината вчера му ги предала на Природонаучниот музеј во Екс-ан-Прованс, кој има намера да ги истражи и изложи, објави Ал Џезира.

„Згрозен сум кога мислам дека нашите најблиски роднини, големите мајмуни, се десеткувани, а на дождовните шуми им се одзема загрозениот биодиверзитет поради нешто што е и глупаво и скандалозно“, рече експертот за мајмуни во музејот, професорката Сабрина Криф.


Од истата категорија