Поради војната на Израел со Хамас, засилено е обезбедувањето на еврејските места во Франција

/ 07.10.2023

Тоа е направено по барање на претседателот Емануел Макрон, рече министерот, додавајќи дека претстои состанок за безбедносните мерки. Тој нагласи дека засега нема информации за „никаква закана “.

Од денеска е зголемена безбедноста околу местата за богослужба и еврејските образовни институции во Франција, особено во Париз и неговите предградија, по нападот на палестински Хамас од Појасот Газа врз Израел, објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Тоа е направено по барање на претседателот Емануел Макрон, рече министерот, додавајќи дека претстои состанок за безбедносните мерки. Тој нагласи дека засега нема информации за „никаква закана “.

Безбедноста на еврејските места веќе беше засилена кон средината на септември со почетокот на прославата на еврејската нова година.

Претседателот Макрон денеска „силно ги осуди терористичките напади што го погодија Израел“ и изрази „целосна солидарност со жртвите и нивните семејства“.


Од истата категорија