Позитивниот допинг тест на Папу Гомез кој излезе во јавноста пред два дена ги потресе сите навивачи на аргентинската репрезентација, но и сите членови на националниот тим на оваа земја.

Со оглед на тоа што тестот на Гомез е направен на неколку дена пред почетокот на Светското првенство, суспензијата што тој ја доби може да не биде единствена санкција. Според прописите на ФИФА, ако двајца или повеќе фудбалери се позитивни на допинг тест во исто време, се бришат резултатите на екипата.

Сега сите во Аргентина се во паника да не се појави уште еден член на репрезентацијата со позитивен допинг тест од тој период бидејќи со тоа, на „гаучосите“ ќе им биде одземена светската титула. Гомез беше позитивен поради консумација на детски сируп кој содржел недозволени супстанци, а го користел бидејќи имал инфекција на грлото.

Тој не играше за Аргентина оваа година, ни на пријателските натпревари, ни на четирите меча од квалификациите за Светското првенство.