Администрацијата на Бајден го советува Израел да ја одложи секоја копнена офанзива за да остави повеќе време за преговори за заложници и за испорака на хуманитарна помош во Газа, пишува американскиот Ен-би-си.
Неговите извори, четворица американски претставници, нагласија дека САД не ги диктираат операциите на израелските одбранбени сили (ИДФ), признавајќи дека ослободувањето на заложниците и доставувањето помош се огромни предизвици.
„Ние помагаме да се одговори на тие тешки прашања и осигуруваме дека тие имаат јасни цели“, изјави друг американски функционер за NBC.
„Генерално не ги коментираме приватните дипломатски разговори“, изјави кратко портпаролот на Стејт департментот.