Брачната двојака Благица и Александар Зикови од Штип станаа среќни родители на четири бебиња и тоа на три синчиња и една ќеркичка.
-Супер сум, добро се чувствувам, а дечињата, како што е нормално, се во инкубатор. Ова се наши први деца и не би сакала да раскажувам повеќе за нив сѐ додека не излеземе од болница, а не би сакала ни сега да им ги кажам имињата, изјави мајката Благица за ММС.
Благица и Александар се во брак пет години и не ни сонувале дека еден ден ќе им се случи ваква среќа.
На целата среќа има и една незивесност, која ја мачи мајката, а тоа е дали ќе добие породилно боледување, бидејќи бебињата побрзаа, а таа не исполнува услов за минимим шест месеци.
-Се родија пред време и имам прекин во стажот. А требаше регуларно да се родат на 25 декември. На 10 ноември требаше да ми поминат месеците за породилно. Бидејќи се порано родени немам право, не се поминати шест месеци од осигурувањето. Се надевам дека надлежните ќе ми се најдат и ќе ми излезат во пресрет за да добијам породилно, вели Благица за ММС.