Адвокатот Миле Наумовски ја повекол иницијативата до Врховниот суд за начелено правно мислење кое беше протолкувано како обид за оживување на аболицијата на Иванов.

Ова за Телма го потврдија и од Врховниот суд но и Наумовски кој кусо ни објасни дека се одлучил на ваков чекор поради измените на КЗ.

Иницијативата до Врхвен се однесувала во голем дел токму на членот 353 за злоупотреба на службената положба кој беше опфатен со измените на КЗ и казните беа драстично намалени.

Иницијатива ја поднесл на 23 јуни во период кога излезе и пресудата за предметот Транспортер каде врховните судии за прв пат се произнесоа и за помилувањата и не ги прифатија аргументите на одбраната за вракање на аболицијата.