ГУТЕРЕШ: Газа станува „гробница за деца“

/ 06.11.2023

Газа станува „гробница за деца“, изјави шефот на ОН.

Погодени се болници, бегалски кампови и објекти на ОН, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.

Никој не е безбеден во Газа, рече тој, повикувајќи заштитата на цивилите да биде „најважни“ во конфликтот.

„Копнените операции на израелските одбранбени сили и континуираното бомбардирање погодуваат цивили, болници, бегалски кампови, џамии, цркви и објекти на ОН – вклучително и засолништа. Никој не е безбеден“, им рече Гутереш на новинарите.

„Во исто време, Хамас и другите милитанти користат цивили како жив штит и продолжуваат неселективно да лансираат ракети кон Израел.

Тој рече дека се прават јасни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и повторно апелираше за хуманитарен прекин на огнот, пренесе Скај Њуз.

Министерството за здравство на Газа, предводено од Хамас, во денешното ажурирање соопшти дека 4.104 деца се убиени во израелските воздушни напади од избувнувањето на војната пред четири недели.


Од истата категорија