Руски војници денеска убија Грузиец распореден долж линијата на фронтот меѓу отцепениот регион Јужна Осетија поддржан од Москва и територијата под грузиска власт, изјави грузискиот премиер. Иракли Гарибашвили во изјава на својата Фејсбук страница рече дека руската армија убила еден грузиски државјанин, а притворила друг во близина на селото Кирбали, недалеку од границата.
Тоа е првиот смртен случај на границата откако Русија и Грузија војуваа за Јужна Осетија во 2008 година. Линијата на контрола останува недефинирана, а апсењата на цивили околу границата остануваат секојдневие. Руските сили се стационирани од 1992 година во Јужна Осетија, мал отцепен регион што поголемиот дел од светот го признава како дел од Грузија.
Русија ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија, уште еден отцепен грузиски регион, многу брзо по војната во 2008 година.
Двете територии се отцепија во крвави конфликти, а поддршката на Москва за двата региона го поттикна антируското расположение во Грузија.