Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека бројот на убиени цивили во Појасот Газа покажува дека нешто не е во ред со израелските воени операции.
„И Хамас ги крши човековите права кога користи жив штит. Но, кога ќе го погледнете бројот на цивили кои загинаа во израелските воени операции, очигледно нешто не е во ред“, изјави денеска Гутереш, а пренесува „Гардијан“.
„Израел треба да разбере дека таквите дневни ужасни снимки на палестинскиот народ се против неговиот интерес. Тоа не му помага на Израел, во смисла на јавна поддршка“, додаде тој.