САД: Во тек се преговори за должината на хуманитарните паузи

/ 09.11.2023

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека администрацијата на Бајден ќе продолжи да преговара со Израел за потребата од хуманитарни паузи во Газа.

Тој зборуваше за Би-Би-Си, откако САД соопштија дека Израел се согласил да спроведе четиричасовни паузи во борбите во северниот дел на енклавата за да им се овозможи на луѓето да избегаат од борбите.

Џон Кирби вели дека е важно да се разбере дека секоја пауза „ќе зависи од целта и од условите на теренот“, јавува Би-Би-Си.


Од истата категорија