Меѓу повеќе од 240-те заложници, кои Хамас ги држи во Појасот Газа од 7 октомври, има и роднина на српскиот амбасадор во САД, Марко Ѓуриќ.
Ѓуриќ откри дека неговиот братучед е Алон Охел, кој има двојно израелско-српско државјанство, објави „Б 92“.
Највисоките српски функционери недвосмислено го осудија терористичкиот напад на Хамас врз Израел, потсети Ѓуриќ.
Тој рече дека Србија со голема загриженост го набљудува порастот на разните облици антисемитизам по конфликтот во Газа и истакна дека во Србија антисемитизмот не само што е многу редок туку се појавува исклучиво како лошо однесување на поединци.
„Нема културни предрасуди кон Евреите. Напротив. Ако можеме да генерализираме, на Евреите се гледа со почит и како на браќа и сестри во страдањето“, истакна Ѓуриќ за израелскиот весник.