На денешната трибина Дебати за Македонија – „Во Македонија мора да има достоинствено место за лицата со предизвици“ во Македонски Брод, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска посочи дека Мила Царовска законите за инклузија ги замислувала само како проект.
„Инклузијата опфаќа два сегменти образование и труд и социјала. Сакам да објаснам јас како таа политика дојде во Собранието и како стана задолжителна. Двата клучни ресори во Република Македонија тоа се министерството за труд и социјална политика и министерството за образование кое ги водеше лице кое никогаш не работело во институција, лице кое работело цел живот во невладина организација и таа министерствата ги замислуваше како проект, лицата, луѓето, законите ги замислуваше како проект. Многу често пати од говорница ја нарекувам гробар на образованието, но направи хаос и во министерство за труд и социјална политика. Мила Царовска направи таква штета во овие два ресори што ќе ни треба многу голем напор и време за да ги поправиме овие состојби“, рече Ласовска.
Таа додаде дека потребно е веќе после три или четири години да се направи навистина една добра анализа дали треба да се вратат посебните паралелки.
„Не сум слушнала каде во светот постои целосна инклузија и да постои тоа е сигурно нешто што прво и пред се има физички рампи, лифтови, материјални ресурси, капацитети по однос на човечки капацитети, тоа се образовни асистенти, дефектолози, логопеди, негуватели, негувателки, тоа кај нас во Република Македонија го нема. Ќе слушнете на телевизија дека се бараат образовни асистенти зошто? Заради тоа што таа личност замислувајќи го проектот, мислејќи дека тоа е невладина организација „Хера“ па еве проект и настрада образованието, настрада и труд и социјала и сега заради таа грешка што се направи ќе бараме образовни асистенти, нормално е дека во државата нема толку, прво беа задолжени општините во почетокот тоа беа проекти на општините и ги плаќаа по 6,000 денари УНДП, се откажуваа и сега бидејќи во средното образование нема асистенти мака мачат и родителите и наставниците во дел каде одат лицата со попреченост“, вели Ласовска.