Луксузен хотел што ќе биде отворен во вторник во близина на Шангај им нуди на гостите со длабок џеб шанса за многу длабок сон.
Хотелот Интерконтинентал Шангај Вондерланд, изграден е во длабока јама од поранешен рудник.
Шеснаесет од 18 негови спрата се под нивото на земјата, а два се и под вода.
Реализацијата на проектот почнала во 2006 година. Хотелот има 336 соби и цените за една ноќ се од 530 до 860 долари.
Архитект е Мартин Јохман, познат по небодерот Бурџ Ал-Араб во Дубаи.