Метеоролозите за викендов прогнозираа дожд на пониските и снег на повисоките места, а вечерва веќе падна првиот снег на планинскиот превој Стража.

За утре од УХМР највуваат дека врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекуваат во вторник.

Да потсетиме, од вчера стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Вечерва снежна покривка се формираше на патниот правец Ресен – Битола кај превојот Ѓавато.