Повеќе славни личности останаа без своите домови во големите пожари во Калифорнија, но познатиот британски артист Ентони Хопкинс имаше неверојатна среќа во таа голема несреќа.

Неговата раскошна вила во Малибу, за чудо, пожарот ја заобиколи и таа остана нечепната.

Како што пишуваат британските медиуми, снимките од воздух покажуваат дека куќата на прославениот глумец, кого го паметиме по улогите во легендарните филмови „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Никсон“, „На крајот од денот“, огнената стихија ја заобиколила, па нечепнати останале дури и лежалките во паркот пред вилата.

Инаку, во пожарите во Калифорнија, своите домови ги изгубија повеќе познати личности.