Прескапиот проект „Бектел и Енка“ претрпе сериозни критики во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.За изградбата на двата коридори досега се дадени околу 200 милиони евра а не е изграден ниту еден метар ниту пак има проект за изградба.
Во извештајот Европската комисија наведува неколку оценки за сомнеж за криминал и корупција. За експертите на Европската комисија прескапиот проект вреден најмалку 1,3 милијарди евра е доделен на американско – турскиот конзорциумот без јавна набавка што е во директна спротивставеност со правила на ЕУ и пазарната економија.
За ЕУ е проблематично и тоа што при усвојување на проектот во Собранието тој е донесен со злоупотреба на ЕУ знаменце.
ЕУ нема дилема дека проектот е спротивен на меѓународни обврски и правна рамка.Во делот на финансиските последоци според ЕУ Бехтел и Енка ги зголемува ризиците од негативен развој во фискалната консолидација.