Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи вечерва во Брисел изјави дека Европската комисија е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.
За време на состанокот на министрите за надворешни или европски работи на членките на ЕУ и шесторката од Западен Балкан, Вархеји на Х напиша дека Словенија, Австрија и Хрватска силно ги поддржуваат годишните извештаи на Европската комисија за земјите од регионот и новиот план за раст за Западен Балкан, што Европската комисија го усвои на 8 ноември.
– На маргините на Советот за надворешни работи имав неколку билатерални средби. Словенија, Австрија и Хрватска силно го поддржаа Пакетот за проширување и новиот план за раст. Комисијата е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан – информира Вархеи.
На вечерашниот министерски состанок ЕУ-Западен Балкан, чиј домаќин е шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, Македонија ја претставува заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.