„Следната фаза од војната започна“, рече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
ттој рече дека израелските одбранбени сили лоцирале „значајни предмети“ во болницата Ал Шифа и нагласи дека копнената операција продолжува на прецизен, селективен, но многу одлучен начин.
Галант не прецизираше што е пронајдено во болницата.
„Операцијата продолжува и се изведува на прецизен, селективен, но многу одлучен начин“, рече тој при посетата на командниот центар на 36-та дивизија.
Тој додаде дека ИДФ го завршиле заземањето на западниот дел на градот Газа и ја исчистиле областа од сите оперативци и средства на Хамас.