На вчера објавената црна листа на САД се најде и црногорскиот бизнисмен Миодраг Давивиќ – Дака, кој има добри врски со македонската власт, но и е познат и на на македонската јавност и опозиција. Тој требаше да инвестира 200 милиони евра во станбен комлекс во Тетово на местото каде се наоѓаше некогашната Шик Јелак,
Планот на власта го расипа Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој врските на власта со овој сомнителен бизнисмен ја објави уште во 2020 година. Така, тој тогаш изјави:
„Со сомнителни пари од Панама контроверзниот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ ќе инвестира во Тетово. Од документите што ги поседувам, може да се види дека оваа фирма е основана од страна на четири лица од кои едниот е Миодраг Давидовиќ, а останатите три лица се со интересни латински имиња. Емануел Салазар се јавува во дополнителни 8861 компанија, другиот со име Делион се јавува во исто така над 8000 компании и третиот човек односно фирма се јавува во 5000 компании. Тоа значи дека фиктивно на едно име се појавуваат повеќе компании и правни лица, што упатува на јасни малверзации зад кои стои омилениот бизнисмен на власта.“
Николоски уште тогаш предупреди дека станува збор за човек кој има сомнителен политички бекграунд, а дека поради објабувањето на аферата добивал и закани. Така, при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.
-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.
Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за Србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.
-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.
Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.
-Прв пат ќе кажам за јавноста јас добивав и закани да не го објавувам скандалот и аферата затоа што се работело за моќни луѓе, но ќе кажам дека кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери секогаш кога ќе имам сознанија за истите, изјави Николоски.
Власта на СДСМ и ДУИ соработува со човек кој е контра евроинтеграцијата на целиот регион во Европската Унија, истакна Николоски пред три години. Тој праша зошто Заев и Ахмети, кои декларативно се заложуваат за влез на Македонија во Европската Унија, соработуваат со контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ- Дака, кој според Николоски е против мирот и стабилноста во регионот.
-Дава на главниот играч во регионот кој што е против мирот и стабилноста во регионот, против стратешката ориентација за евроатлантска интеграција во НАТО и во ЕУ. Значи на човек кој што се бори против стабилноста, против евроатлантската интеграција на регионот, власта на Ахмети и Заев дава 200 милиони евра бизнис, изјави Николоски.
Инаку, гласот на Давидовиќ се појави во аудио разговори, кој и тој самиот ги потврди. Во истите тој говореше дека имал средби со премиерот Заев и владиниот генерален секретар Драги Рашковски. Во разговорите вели и дека давал пари со цел да му бидат завршени одредени работи од страна на власта.
-Пред изборите слушнавме разговори кои што се објавија во јавноста, во кои што контроверзниот црногорски бизнисмен Дака Давидовиќ кажува дека дал 300.000 евра мито и дека е спремен да даде уште 2.000 квадрати и дополнителни 2.000.000 евра мито доколку се заврши работата, изјави Николоски.
Дака важи за српско-црногорски тајкун со руски врски, кој како што можеше да чуе јавноста го финансирал и референдумот за промената на името на Македонија. Медиумите од регионот, пак, го опишуваат како проруски бизнисмен кој ги финансирал противниците на Мило Ѓукановиќ, но и низ други работи кои прават тектонски поместувања на Балканот.
Тој на црната листа на САД се најде како човек кој со своите коруптнивни активности ги загрзоува демократските процеси во Црна Гора, но и поради аферата која ја откри Николоски, а која буквално се цитира во извештајот на американските власти како афера во која се вмешани Рашкоски и Заев. Првиот примил мито за да му договори средба со Заев се вели во извештајот во корист на неговите бизнис интереси. Неговите коруптивни активности, истакнуваат властите на САД, се директно поврзани со напоритте на Русија да ја поткопа демократијата во Црна Гора.