Пораз со еден гол разлика (23:22) забележаа ракометарите на Металург попладнево во Истанбул на гостувањето кај Бешикташ.

Ова беше натпревар од осмото коло во Лигата на шампионите и седми пораз за македонскиот вицепрвак.

Бешикташ ја запиша третата победа.

И двете екипи се без шанси за пласман на едно од првите две места во Ц-групата.

Вториот македонски претставник во елитното натпреварување, тимот на Вардар, вечер од 19 часот и гостува на Барселона.