Два силни земјотреси ја погодија источна Турција во рок од  неколку минути.

Првиот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југоисточно од Малатја, на длабочина од осум километри.


Само три минути подоцна, уште еден земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Адијаман, исто така во источна Турција.

На социјалните мрежи се појавија видеа по двата земјотреса.

Тресењето на земјата ги принуди луѓето да излезат на улица.

Некои локални жители го снимиле лустерот како се ниша за време на земјотресот.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.