Во Скопје запомчна Самитот на ОБСЕ кој се очекува да го одбележи присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров. Иако нема најава за нивна заедничка средба, но токму ова го прави настанот еден од ретките на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година
Голем број земји поднеле барања за билатерални средби со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ, кој денеска и утре ќе се одржи во Скопје.
Ова за државната руска агенција ТАСС изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Навистина можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Ќе има и мултилатерални состаноци. Планирани се и билатерални“, изјавила таа на брифинг со новинарите.
Инаку, се очекува состанокот на ОБСЕ да го одбележи присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров.
Иако нема најава за нивна заедничка средба, но токму ова го прави настанот еден од ретките на кој ќе се најдат двајцата на исто место од почнувањето на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.