Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на лидерската средба е постигнат широк консензус за датумот за следните претседателски и парламентарни избори следната година на 24 април и 8 мај, како и за Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.
Во однос на уставните измени, Мицкоски кажа дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата е дека сега за тоа услови сега нема од познати причини кажани во јавноста многу пати досега.
-За измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР постигнавме согласнот и тие ќе влезат во собраниска процедура што значи дека тој ќе се менува иако не е испочитувано правилото шест месеци пред почеток на кампња за изборен процес да нема измени, имајќи ја предвид согласноста првиот круг од претседателските избори да се случи на 24 парил, а вториот круг претседателски избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај, што е донесено како заклучок. Кампањата би започлнала на 4 април, тоа значи сепак дека не го испочитувавме правилото да немаме интервенции пред почеток на кампања. Се надевам дека во иднина тоа нема да биде случај, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелираше до македонската јавност и до граѓаните, посочувајќи дека претстои сложен период, период на кампања, кога ќе се формираат коалиции и оти следните избори се избори во кои сакаме да одлучиме во каква Македонија и во какво општество сите ние сакаме да живееме.
-Од едната страна ќе имаме понуда која што ќе биде претставена од актуелната владина коалиција, а од другата страна ќе имаме понуда што ќе ја понуди актуеланата опозиција што ќе ја предводи ВМРО ДПМНЕ. Немаме можност за исправка за тоа што ќе го направиме најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај. Ги повикувам граѓаните да застанат позади понудата која што ќе ја трансформира Македонија онаква каква што сакаме да ја видиме, рече Мицкоски.
За прашањето за техничка влада лидерот на опозоцијата кажа дека било отворено, бо дека не постои консензус посебно од владините коалициски партнери да биде избришана техничката Влада. Во однос на ова прашање, како ќе настапува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека ќе имаат седница на највисоките органи на партијата и дека ќе донесат одлука.
За местото во Државната изборна комисија, тоа како што кажа, припаѓа според закон на албанската опозиција.
-Загрижен сум бидејќи до денеска не е комплетиран составот на ДИК. Апелирам до парламентарноито мнозинство и до претседателот на Парламентот оваа точка да ја ставо на дневен ред, но зажал до денеска таа не е ставен на дневен ред. Да не оставиме простор за недостатоци во изборниот процес, рече Мицкоски.
Тој повторно изрази жалење и сочувство до семејствата на убиените Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски.