На социјалните мрежи се шират срамни завери за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес. Се формираат групи преку кои се бара правда за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, кој според институциите е организатор и извршител на две убиства.

Една таква скандалозна група која бара правда за осомничениот киднапер и убиец има скоро 100 членови и еден администратор – „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“.

Групата е формирана вчера наутро и во неа има неколку постови. Во нив Палчо најмногу се опишува како „вистински македонски патриот“.