Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов смета дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација и побара градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка.
– Почитувана Арсовска, заминете си! Поднесете оставка! Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа), напиша Шилегов на Фејсбук.
Шилегов предлага на пролет да има избори и во Скопје.
– Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот во кој што сите живееме. За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!! За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата …, напиша Шилегов на Фејсбук.
Кај народот има една поговорка која вели „цреп шутаре прекарува“. Исто така, народот памети што направи за Скопје бившиот градоначалник Шилегов и на последните избори му кажа колку се скопјани задоволни и од неговото градоначалникување.
А тоа воопшто не ја оправдува Арсовска за тоа што сега му го прави на Скопје.