Недипломатските изјави на американската амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички елити треба да направат.

Ова во својата колумна го пишува политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски во колумна за медиумот НоваТВ, во кој главен уредник е Џабир Дерала, тврди дека официјален Вашингтон во Македонија води немилосрдна битка против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во која на крајот ќе победи.

Аналитичарот Атанасовски, кој важи за остар критичар на ВМРО-ДПМНЕ и поддржувач на политиките на СДСМ, особено во односите со Бугарија, бескурполозноста на САД е поради наводното српско влијание во опозицијата.

„Недипломатските изјави на американската амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, но и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички елити треба да направат, особено во сферата на надворешната политика, за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува само на едно: Дека ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука, за да ја прекине „играта“ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Колумната на Атанасовски, објавена во медиум близок до власта, може да ја отворите и, ако ве интересира, да ја прочитате, ТУКА.