Денешната посета во Болницата во Битола од страна на министерот Меџити е уште една потврда дека не се води системска грижа за здравството во кое нема основни лекови и основни инструменти и опрема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Здравството се крепи со донации меѓу кои и болнички кревети, медицински столови и основни средства
Kаде одат парите на осигурениците ако од донации се обездедуваат основни лекови, од кои има и во моментов недостиг на неколку клиники
Додека во Болницата се затвораат оддели заради негрижата со кадар, додека има низа нерегуларности во извештајот на Државен завод за ревизија и додека нема информација за ниедна преземена мерка,први бродот што тоне го напуштаат партиските функционери на СДС
Екс директорката на Клиничка болница – Битола, Гагачевска откако болницата ја остави опустошена со кадар,сепак за себе успешно си средува преземање од Битолската болница во Клиника за психијатрија
Меџити кој се фали со донации, да почне конечно да се меша во ингеренциите зашто овие пиарски флоскули нема да ги решат проблемите со проамашената кадровска политика, со немање основни лекови, со непостапувањето за неправилнпстите од ДЗР, а непреземањето мерки и неработа ќе се одразат на долг рок.