Веднаш по денешната прес-конференција на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски и по заминување на новинарите, во зградата на М-НАВ упаднале членови на ДУИ од Чаир кои по вербална расправија и закани кон контролорите на летање, физички нападнале дел од нив, дознава порталот СДК.

Неофицијално, како што пишува СДК, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.

Инцидентот бил пријавен во полициска станица во Петровец и полиција е дојдена да врши увид и да прави распит. За инцидентот се известени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Контролорите на летање со кои разговаравме, пишува СДК, се фрапирани како насилниците воопшто влегле во М-НАВ и кој ги пуштил затоа што влегувањето во М-НАВ подлежи на строги контроли. Има две контроли – едната е пријавница на влез во дворот на М-НАВ каде што е сместена и контролната кула на Скопскиот аеродром, а втората е на влезот во самата зграда каде што пристап имаат само вработените со електронски картички.

Кога ќе влезеш во кругот на М-НАВ практично имаш пристап до самата писта и до платформата каде што се паркираат авионите.

Целиот текст во СДК.