Здраво јас Елиф Елмас и доаѓам од Македонија, се претсѕави македонската фудбалска ѕвезда Елиф Елмас во новиот германски клуб.
Македонскиот репрезентативец појасни и што очекува во дресот на Лајпциг.
– Со моето семејство ќе се преселам во Лајпциг. Со мене ќе дојдат и моите родители и браќата и сестрите. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за РБЛ и добро го познава градот. Од него добив неколку совети. Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам, потоа ќе го видите вистинскиот Елмас, порача Елмас.