Андријана Лазиќ почина на 28-годишна возраст, додека била на одмор со своите пријатели.
Андријана Лазиќ загина на 10 јануари, кога паднала од 24 кат во Дубаи.
Оваа млада пејачка од Бјелина, Република Српска, на 7 јануари со другарките заминала во Дубаи, а три дена подоцна починала, дознава Телеграф.рс.
Андријана била на почетокот на својата пејачка кариера, а пред да тргне на пат снимила две песни кои наскоро требало да бидат објавени.
Андријана Лазиќ е дипломиран правник, вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.